Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Критика

Подоцна, во барот

/2
стр. 1
Џил Мејерс

Романот-збирка кратки раскази на Ребека Бери „Подоцна, во барот“ (Simon & Schuster) е прекрасно деби, населено со ликови што се трудат да ги разберат своите несредени животи, пишува Џил Мејерс во Букслат [http://www.bookslut.com/fiction/2007_07_011475. php]

Во грациозните, релаксирани раскази на Ребека Бери, ликовите се собираат во Крчмата на Луси и зборуваат и се караат во врска со љубовта. „Подоцна, во барот“ е роман напишан во приказни, интимна студија на осамени луѓе која потсетува на класичната „Вајнсбург, Охајо“ на Шервуд Андерсон. Луѓето на Бери живеат во едно гратче на северот на државата Њујорк; тие се фармери, возачи на камиони за храна, готвачи, ситни престапници, и автори на советодавни колумни. Мамат, крадат, и копнеат. Донесуваат лоши одлуки, дури и смешни, но блескавата великодушност на Бери сјае низ сите овие раскази.
    Најдобриот расказ е смешниот, горчливо-сладок „Мажите пукаат во работите за да ги убијат“. Премисата е едноставна: еден љубоморен сопруг сака да ја набљудува својата сопруга. Грејс патува со друг маж на турнир во куглање во место оддалечено четириесет и пет минути, а Харлин размислува дали да пука во автомобилските гуми на тој човек. Се разбира, работите ќе ескалираат – кога Харлин ќе пристигне во кугларницата со брат му и бившата жена на брат му, тој доцни, пијан е, и сака да се расправа. Многу автори би завршиле тука, но Бери продолжува да пишува. Остатокот од расказот делува ново, како Бери да открила нов начин на пишување раскази. На приказната ѝ дала простор да дише: враќајќи се дома, ликовите се обединуваат зад една кауза, па повторно се распрснуваат во своите самотни животи. Расказот опфаќа физичка комедија (во која е вмешана и една разлигавена гуска со скршено срце) и тага, постигнувајќи преубав резултат.
    Расказите исто така поседуваат и паметни дијалози и психолошки увиди што се граничат со Мунроескни. Тепајќи време едно попладне, Харлин и неговата банда пијат и дискутираат за едно девојче што измачува животни:

„Тоа дете не е за домашни миленици, туку за кактус,“ рече Манибегс.
    Дури и Харлин се насмеа на тоа. Не беше горд што беше така, но му се допаѓаше кога другите луѓе имаа лоши деца. Не ја имаше видено ќерка си со години, немаше поим што би ѝ рекол кога би ја видел, а ужасните деца на другите луѓе го правеа горд на детето што не го познаваше.

Ова не е само сеир, ами тетераво веселење што (одвај) прикрива едно болно отсуство. Овде, и на други места, Бери навлегува подлабоко во психологијата. Иако






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+