Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Критика

Тргнување на себеси од патот

/4
стр. 1
Алексис Смит

„Декреација: Поезија, Есеи, Опера“ (Vintage Contemporaries) на Ен Карсон истовремено ги деконструира жанровите и ги пресоздава, давајќи ѝ на литературата нови простори, нови контексти, нови движења – според Алексис Смит, во овој осврт за Пауелс [http://www.powells.com/review/2006_12_02. html]

Најновата збирка песни и есеи на Ен Карсон од неодамна е достапна во мек повез. Читателите на кои им се познати смелите, прекрасни книги на Ен Карсон „Автобиографија на црвеното“, „Проставода“ и „Стакло, иронија и Бог“ меѓу другите, веста дека „Декреација“ е восхитувачко ремек-дело што им се опира на жанровите нема да ги изненади. А на читателите што допрва треба да го доживеат делото на Карсон, нека ова им биде вовед.
    Позната по нејзиниот класицизам (има објавено восхитувачки превод на фрагментите на Сафо, „Ако не, зима“), Карсон вперува мошне модерен поглед во прастарите форми и теми, создавајќи стил што е донекаде ексцентричен. Нејзините извори се движат од античка Грција до Емили Дикинсон до италијанската кинематографија од дваесеттиот век. Нејзината употреба на формите – поезија, проза, песна, дијалог, сценарио, монолог, либрето – и начинот на кој ги користи нелитерарните форми како филмот и сликарството, истовремено ги деконструираат жанровите и ги пресоздаваат, давајќи ѝ на литературата нови простори, нови контексти, нови движења. Па сепак страста во нејзиното формулирање на стихот и специфичната почит што ја има кон јазикот се секогаш очигледни, во мамката на стиховите како „лисјата се збиваат малку“ и „оти се/секогаш/фатално/повторно напишани/на старо платно/бледо,/бескрајно/незавршени.“
    „Декреација“ почнува со незаборавен циклус песни. Првите неколку стиха се проткаени со домашни детали соголени од нивната удобност и безбедност. „Синџири на спиењето“, првата од циклусот, ги поврзува спиењето и смртта:
    Кој може да спие кога таа --
    стотици милји оттука го чувствувам тој широк здив
    како ги лади нејзините немирни палуби.
    Лузна по лузна
    сите алки
    поттропнуваат еднаш.
    Еве сме мајко на океанот без бродови.
    Сожали се на нас, сожали се на океанот, еве сме.
      
    „Синџирите на спиењето“ на некој начин ги поврзуваат – личноста што зборува во песната и мајка ѝ – но и ги одделуваат. Алките – „лузна по лузна“ – евоцираат буквални синџири, но и ДНК, клеточна структура, сврзните честички на суштествувањето – генетските врски меѓу мајката и нејзиното дете. Исто така евоцираат и огради, бариери – прагови што не треба да се преминат. Карсон нагласува дека конекциите се и контрадикции: да имате конекција значи да сте одвоени суштества. Во една друга песна таа прашува, „Во збирот на деловите/каде се деловите?“ Врските се важниот дел бидејќи тие трасираат. Карсон го оцртува ова трасирање низ циклусот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+