Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 56 | година X | септември-октомври, 2007



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 56септември-октомври, 2007
Критика

Комеморација на еден брак

/3
стр. 1
Антонија Бајат

Во оваа рецензија објавена во Гардијан [http://books.guardian.co.uk/reviews/poetry/0,,2072652,00. html], Антонија Бајат е трогната од „Зборување со мртвите“ (Carcanet), стихозбирката на Илејн Фајнстајн која ги спојува тагата и славењето

Илејн Фајнстајн напишала извонредно трогателна стихозбирка посветена на нејзиниот покоен сопруг, Арнолд Фајнстајн. Песните го евоцираат него и неговото отсуство со болна јаснотија, мапирајќи ги и несогласиците и хармониите на еден брак. Фајнстајн не нуди лесно повлекување во лажната удобност на споделувањето чувства во тага; наместо тоа, нејзините песни храбро ја истражуваат човечката минливост.
    „Зима“, првата песна, тмурно е сместена во една мокра улица во Лондон, осветлена со остри фарови. Фајнстајн, која се вози сама, ни го претставува гласот на нејзиниот сопруг: „Никогаш не научи да зборуваш и да го најдеш патот / во исто време“. Овие песни го прикажуваат интимното присуство на нејзиниот сопруг одново и одново: се појавува во малите, секојдневни спомени но, како што е во „Зима“, разговорната леснотија и интимноста на мигот честопати се менува:
    „Па, во право си, го промашив свиокот,
       И се насмевнувам за миг на споменот.
      
    Секогаш знаејќи дека лежиш мирно и свиено
       Како ембрион под калливата земја,
    Без да чекаш некакво раѓање, развиорен
       Во тој мрак каде што ништо нема.“
      
    Отсуството со кое таа се соочува е неизмерно. Чувството дека вселената е далеку поголема од животите на луѓето повторно е истражено во „Хабл“. Во неа, „Господ Бог“ го гледа Хабловиот телескоп („нежна играчка“) обидувајќи се да ги измери „небесните тајни“. Нашите животи, за Него, се трогателни но безначајни. Овој Бог не нуди никаков рај на небесата. Наместо тоа, рајот често се наоѓа во лондонските градини, во сликите и музиката, и во менувањето на годишните времиња на Земјата. „Да верував во старомоден Рај / тогаш ти, љубов моја, сè уште ќе зборуваше во него“.
    Фајнстајн брилијантно постигнува личното значење да одѕвонува гласно. Во одредени песни има едноставност којашто е потресна. Во „Кревети“, „Сношти се прашував каде си нашол да спиеш. / Не беше во кревет. Немаше никој во твојот стол.“ Оваа соголеност се враќа во песните што ја следат болеста и смртта на Арнолд. Современата, хоспитализирана смрт често е проследена со натрапници и е дехуманизирачка. Арнолд се појавува во болница, туркан од болничарките: „беше во толку многу болници, / заокружувајќи ги твоите менија, слегнувајќи со рамениците пред убодите и снимките“. Елегијата на Том Ган, „Таговна“, го опишува физичкиот ужас на цевките внесени во неговиот пријател на умирање, забележувајќи дека „твоето тело бараше страдалништво / во далечната Канада на болничката соба“.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+