Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Театар Текст

Маме му ебам кој прв почна

(параноја)


/5
стр. 3
Дејан Дуковски

_______________________________________________________________________

имав.
    КЛОВНОТ
    Како ти текна?
    БАЛЕРИНАТА
    Толку беше.
    КЛОВНОТ
    Има уште. Смислив нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА
    Нешто друго?
    КЛОВНОТ
    Нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА
    Нема да ти помине.
    КЛОВНОТ
    Ќе смислам нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА
    Немој да мислиш. Пушти нека умре.
    КЛОВНОТ
    Чекај. Ете го. Умира. Брзо. Да не губиме време. Дојди. Легни.
    БАЛЕРИНАТА
    Доста ми е од тебе. Доста ми е од овој циркус. Доста ми е од цветови што прскаат вода. Гледаш дека нешто се случува.
    КЛОВНОТ
    Што се случува?
    БАЛЕРИНАТА
    Умира циркусов. Пробај да разбереш.
    КЛОВНОТ
    Затвори ги очите и дај ми рака.
    БАЛЕРИНАТА
    Ќе ме фатиш за нешто друго.
    КЛОВНОТ
    Ништо не ми веруваш.
    БАЛЕРИНАТА
    Не.
    КЛОВНОТ
    Можам да умрам за тебе.
    БАЛЕРИНАТА
    Ама не сакаш?
    КЛОВНОТ
    Ти сакаш?
    БАЛЕРИНАТА
    Тоа ќе реши некои работи.
    КЛОВНОТ
    Нема да ти биде тешко?
    БАЛЕРИНАТА
    Нема да ми биде ни лесно.
    КЛОВНОТ
    Ако најдеш друг ќе ти биде полесно.
    БАЛЕРИНАТА
    Да.
    КЛОВНОТ
    Да?
    БАЛЕРИНАТА
    Ти ќе бидеш среќен, ако сум јас среќна.
    КЛОВНОТ
    Јас сум многу среќен, кога си ти среќна. Само, кога си ти среќна, среќо моја, нешто не е во ред. Еден твој дел не е во ред. Нешто со главата. Немаш ти проблем со мене. Ти имаш проблем со себе. Измислуваш работи. Ме гледаш, не можеш да ме видиш. Тебе ти треба помош. Ти си слепа.
    БАЛЕРИНАТА
    Јас сум луда?
    КЛОВНОТ
    Ти си слепа.
    БАЛЕРИНАТА
    Ти си свиња.
    КЛОВНОТ
    Ти претеруваш.
    БАЛЕРИНАТА
    Јас ќе те оставам и ќе одам да легнам со некоја будала.
    КЛОВНОТ
    Не те слушнав.
    БАЛЕРИНАТА
    Да ти повторам?
    КЛОВНОТ
    Со која будала ќе одиш да легнеш?
    БАЛЕРИНАТА
    Кој прв наиде.
    КЛОВНОТ
    Јас сум и тука и будала.
    БАЛЕРИНАТА
    Друго ми треба.
    КЛОВНОТ
    Повеќе будали?
    БАЛЕРИНАТА
    Ја преврте работава.
    КЛОВНОТ
    А, тебе не.
    БАЛЕРИНАТА
    Тоа ти е?
    КЛОВНОТ
    Ти си ми.
    БАЛЕРИНАТА
    Знаеш ти и подобро.
    КЛОВНОТ
    Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како од сабајле цигара. Како ти од сабајле… Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.
    БАЛЕРИНАТА
    Лажеш. Многу е.
    КЛОВНОТ
    Лажам. Малку е.
    БАЛЕРИНАТА
    Готово е.
    КЛОВНОТ
    Знам.
    ПАУЗА.
    Друго сакав да кажам.
    ПАУЗА.
    Сакав да кажам…
    ПАУЗА.
    БАЛЕРИНАТА
    Нешто за љубов?
    КЛОВНОТ
    Така.
    БАЛЕРИНАТА
    Ти ќе зборуваш за љубов?
    КЛОВНОТ
    Да.
    БАЛЕРИНАТА
    Па, ти поеба сè живо.
    КЛОВНОТ
    Да.
    БАЛЕРИНАТА
    Толку.
    КЛОВНОТ
    Има уште нешто. Ти си нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА
    Нема да ме убедиш.
    КЛОВНОТ
    Знам. Види. Еден дел во мене умира.
    БАЛЕРИНАТА
    Не е смешно.
    КЛОВНОТ
    Не е смешно. Е па, некогаш не оди.
    БАЛЕРИНАТА
    Збогум.
    КЛОВНОТ
    Чекај. Немој. Ти си… мојот ангел чувар.
    БАЛЕРИНАТА
    Така ли? Да не имаш некоја желба?
    КЛОВНОТ
    Имам.
    БАЛЕРИНАТА
    Пак онаа работа?
    КЛОВНОТ
    Да.
    БАЛЕРИНАТА
    Како ти текна?
    КЛОВНОТ
    Ме знаеш.
    БАЛЕРИНАТА
    Те знам. Тоа ли се бара од ангели? Како еднаш не кажа нешто убаво? Како еднаш не кажа нешто друго?
    КЛОВНОТ
    Не се разбравме.
    БАЛЕРИНАТА
    Не. Одлетав јас.
    КЛОВНОТ
    Летај.
    ПАУЗА.
    Летај ако можеш.
    ЈА УБИВА.
    Сега ќе кажам нешто.
    ПАУЗА.
    Сега ќе кажам нешто друго.
    ПАУЗА.
    Те сакам. И… Сега малку ќе умрам за тебе.
    УМИРА.
    МУЗИЧКАТА КУТИЈА ПОЧНУВА ДА СВИРИ.
    БАЛЕРИНАТА НА НЕА СЕ ВРТИ.
    НЕКОЛКУ БЕЛИ ПЕРДУВИ ПАЃААТ ВРЗ НЕА.

Трет круг – Вера

ДОКТОР ФАЛУС
    МЛАДИОТ

ЕВРОПА,
    ВИТЕМБЕРГ,
    ЦРНО ПРАСЕ,
    ЗАБОРАВЕНА ЕВРОПСКА БИРТИЈА.
    ДОКТОР ФАЛУС.
    МЛАДИОТ.

ДР. ФАЛУС
    Види ги бре, говеда. Маму му ебам.
    Фалус.
    ПАУЗА.
    Доктор Фалус.
    ПАУЗА.
    Јас сум Доктор Фалус.
    МЛАДИОТ
    Доктор Фалус?
    ДР. ФАЛУС
    Од крв и месо. Како дух. Не си слушнал?
    МЛАДИОТ
    Не.
    ДР. ФАЛУС
    Не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+